Един Џеко се очекуваше да биде резерва во Интер оваа сезона кога на стартот беше доведе Ромелу Лукаку, но Босанецот целосно го засени Белгиецот и со напорна работа се избори за стартерска позиција на сите клучни натпервари.
– Колку години имам? Имам 37 години, но се уште се чувствувам добро за вакви натпревари. Вечерва се чувствував посвежо, најверојатно бидејќи добив поштеда пред три дена.Цел тим беше мотивиран и запален за овој меч, не се игра секоја година полуфинале во Лига на шампиони. Излеговме концентрирано уште од првата минута и добивме награда за тоа.Луѓето зборуваат само за голови, но јас носам многу повеќе од голови. Работам за тимот и за соиграчите, тоа некогаш е поважно од гол. Дали ќе го продолжам договорот? Тоа прашање поставете им го на луѓето од клубот, – одговорил Џеко во интервјуто за „Амазон прајм“.