Џенаро Гатузо е нов тренер на Олимпик Марсеј. Марсеј пред некое време се раздели со шпанскиот стручњак Марселино и во изминативе денови бараше негов наследник, па изборот падна на Гатузо.
„Многу сум среќен и горд што му се приклучувам на Олимпик Марсеј. Тоа е клуб и стадион, „Велодром“ каде што имав можност да играм како играч, прославен низ цела Европа за страста и жарот“, изјави Гатузо.