вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Ди Марија: Долго време чекав шанса во Јувентус

Ди Марија: Долго време чекав шанса во Јувентус

Јувентус успеа да ја мине првата пречка во Лига Европа, односно да слави над составот на Нант со вкупно 4-1 во двомечот.

„Бјанконерите“ беа супериорни во реваншот во Франција, победија со 3-0 во средба во која свое шоу имаше аргентинскиот репрезентативец Анхел Ди Марија. Офанзивецот беше креатор на сите три гола (два во првото, еден во второто полувреме) од кои за издвојување дефинитивно беше првиот кој сигурно ќе влезе во конкуренција за најдобар во оваа сезона во ова натпреварување.

-Јас сум навистина среќен што успеав да ја завршам добрата работа на тимот и да ја претворам во голови. Сакавме да се најдеме во следната рунда, Лигата на Европа е многу важна за нас. Долго време чекав за ваква можност во дресот на Јувентус и успеав да ја подигнам летвичката. Се обидувам да му помогнам на тимот, победивме и сме во осминафиналето. Овој резултат значи многу за нашата сезона, победувајќи овде со целиот стадион навивајќи се против нас, но го добивме она што го сакавме, -порача Ди Марија во својот коментар.