Фудбалерот од средниот ред на Јувентус, Анхел Ди Марија може да ја продолжи кариерата во Американската лига – МЛС, тврди новинарот Николо Шира на социјалните мрежи.
Според новинарот и добар познавач на италијанскиот фудбал, за услугите на аргентинскиот играч за врска се заинтересирани екипи од Бразил и од северноамериканската лига (МЛС). Тој е поканет и од клубови од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ). Забележано е дека Ди Марија не е заинтересиран за промена на клубот.
Оваа сезона 34-годишниот Аргентинец одигра седум натпревари во Серија А, на кои постигна еден гол и една асистенција.
Како дел од репрезентацијата на Аргентина, тој стана светски шампион, постигнувајќи и еден од головите во финалето на Светското првенство во 2022 година против Франција (3:3, 4:2 – на пенали).