Откако Јувентус одлучи да не ја продолжи соработката со Пауло Дибала, аргентинскиот фудбалски репрезентативец пронајде нов клуб во Италија и само формалност го дели од потпишување договор со Интер, јавија денеска италијанските медиуми.
Според истите извори, Дибала и Интер ги прецизирале сите детали околу идната соработка и за кратко време ќе ја официјализираат со договор.
Дибала, за кого интерес изразија и англиски и германски клубови, како и калчолигашот Рома, треба да потпише договор со Интер до лето 2026 година.
Аргентинскиот репрезентативец во Интер ќе заработува шест милиони евра по сезона. (МИА)