петок, 8. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Дибала: Сезоната не започна добро за мене

Дибала: Сезоната не започна добро за мене

Напаѓачот на Јувентус, Паоло Дибала призна дека сезоната не започнала добро за него.

Аргентинецот играше само во првиот натпревар во Серија „А“ против Киево (3:2), но потоа остана на клупата во следните две средби со Лацио и Парма, откако влезе само во последните 10 минути против повратниците во Серија „А“.

– Признавам дека сезоната не започна добро како минатата, ниту дури како онаа во 2016 година. Едно е сигурно – со нетрпение чекам да се вратам во Торино и да работам напорно за да си го вратам првотимскиот статус. Мојата желба е да играм. Пристигнав денес и се надевам дека бидам подготвен за натпреварот во неделата. Потоа доаѓа и дуелот со Валенсија во Лигата на Шампионите, а овој турнир многу ме мотивира, изјави Дибала. (МИА)