Елиф Елмас и неговите соиграчи од репрезентацијата на Македонија не успеаја да го направат последниот чекор за настап на прво Светско првенство, но Дијамантот, како што го нарекуваат, е сигурен дека имаме златна иднина.
„Прекрасно искуство на млада селекција со големи срца. Македонија допрва ќе се радува“, напиша Елмас на „Фејсбук“.
Во најтешкиот дел од костурот со баражи за настап на Мундијалот, Македонија го победи актуелниот европски првак и четирикратен светски шампион Италија со 1:0 во Палермо, но не успеа да го мине претходниот европски првак Португалија и загуби на Драгао во Порто со 2:0, па останува мундијалскиот сон да се реализира во некоја наредна квалификациска фаза.