Францускиот фудбалски репрезентативец Оливие Жиру поради повреда на зглобот предвреме го заврши мечот меѓу Франција и Ирска.
Поради тоа голема беше веројатноста Жиру да го пропушти дербито со Интер кое на програмата е на 16-ти септември.
Прегледите покажаа дека не станува збор за ништо сериозно и Жиру ќе се врати во Милано да се рехабилитира за дербито.
Ова е одлична вест за Милан, бидејќи Жиру е прв стрелец на „росонерите“ со 4 гола во првите три кола од Серија А.