вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Доминација на лидерот: Моќниот Наполи се прошета низ Торино

Доминација на лидерот: Моќниот Наполи се прошета низ Торино

Наполи доминира во Серија А во актуелнава сезона, па во свој стил денеска му одржа лекција на составот на Торино кој беше прегазен на негов терен со 4-0.

Наполитанците покажаа сила, моќ и преку нивното дуо Осимен-Кварацхелија дојде до 3-0 по 51 минута игра по што стана јасно каде ќе завршат бодовите. Прво погоди Осимен во 9 минута, потоа Грузиецот беше сигурен реализатор на најстрогата казна во 35 минута за да потоа одново биде прецизен Нигериецот.

Во 68 минута на асистенција на Кварацхелија реализираше Ндомбеле со што беше комплетирано шоуто на избраниците на Спалети.

Нашиот Елиф Елмас беше активен од 65 минута кога го зазема местото на Лозано. Наполи сега има 21 бод повеќе од второпласираниот Интер пред кого вечерва е тежок тест, дербито со Јувентус.