четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Душан Влаховиќ понуден на два фудбалски гиганти

Душан Влаховиќ понуден на два фудбалски гиганти

Управата на Јувентус по сè изгледа го губи трпението со српскиот фудбалски репрезентативец Душан Влаховиќ.

Напаѓачот е во лоша форма периодов и одамна се зборува дека „бјанконерите“ сакаат да се ослободат од него, а информациите од Италија велат дека Јуве веќе го понудил играчот на два европски фудбалски гиганти.

Влаховиќ според италијанските медиуми бил понуден на Баерн Минхен и на лондонски Арсенал, а дел од медиумите на Апенините велат дека и самиот играч не би имал ништо против да ја промени средината.

Србинот има договор со Јувентус до 2026 година, но медиумите се скоро убедени дека тој нема да ја дочека следната сезона во Торино.

Не е познато колкава отштета би платиле Баерн или Арсенал за неговите услуги, но се претпоставува дека сумата би изнесувала околу 70 милиони евра.

Извори блиски до клубот за медиумите изјавиле дека Микел Артета веќе се распрашувал за Србинот, па не е исклучена можноста тој да се пресели во Лондон летово.