понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Џеко предизвика земјотрес во Интер, еден од напаѓачите веќе си бара нов клуб

Џеко предизвика земјотрес во Интер, еден од напаѓачите веќе си бара нов клуб

Иако има 35 години, Един Џеко игра фантастично во својот нов тим и е главен фактор за одличниот старт на новата сезона.

Неговите голови го вивнаа шампионот при врвот, но играта на босанскиот ас не е добра вест за конкурентите во нападот. Засега и Лаутаро Мартинес е одличен, па има загарантирано место во стартната постава, Кореа му е миленик на Инѕаги уште од деновите во Лацио, па најпогоден од оваа ситуација е чилеанскиот репрезентативец Алексис Санчес.

Досега тој одигра четири меча, но вкупно само 70 минути и не успеа да постигне гол. Италијанските медиуми тврдат дека тој веќе почнал да бара нов клуб каде ќе ја продолжи кариерата со тоа што е можно до крајот на сезоната да игра како позајмен играч, а потоа да биде откупен неговиот договор.