Легендарниот капитен на Ливерпул, Стивен Џерард искажа многу пофалби до тимот на Јирген Клоп кој го елиминира Манчестер Сити во четвртфиналето на Лигата на шампионите.
-Сега ниту еден од трите потенцијални ривали нема да сака да се падне со Ливерпул во полуфиналето. Навивачите на „црвените“ веруваат во играчите и во менаџерот и се оптимисти дека нивниот омилен клуб може да го освои трофејот во ЛШ. И јас верувам во таков исход. Елиминацијата на Барселона може да им даде поголема самодоверба, истакна Џерард.
Слично размислува и неговиот поранешен соиграч во репрезентацијата на Англија, Рио Фердинанд.
-Реал Мадрид е прв фаворит поради искуството и поради тоа што го има Кристијано Роналдо, но и тие нема да го сакаат Ливерпул за противник. Во моментов тимот на Клоп може да се справи со сите, вели Фердинанд.
(Миа)