понеделник, 1. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Џорџо Фурлани нов извршен директор на Милан

Џорџо Фурлани нов извршен директор на Милан

Италијанскиот фудбалски првак Милан соопшти дека го назначил Џорџо Фурлани за нов извршен директор.

Фурлани, како што е објавено, на 5. декември официјално ќе го наследи на должноста Иван Газидис, кому му истекува договорот со италијанскиот прволигаш.

– Фурлани беше член на Управниот одбор на Милан од 2018 година и имаше важна улога во клубот, кој тогаш беше во сопственост на компанијата Елиот. Тој ќе се повлече од Управниот одбор за да ја преземе новата функција, соопшти Милан.

Компанијата Елиот на крајот од август го продаде фудбалскиот клуб Милан на компанијата „Ред бирд“ за 1,2 милијарди евра.