понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ЕЧИ МАКЕДОНСКАТА ХИМНА ВО ПОРТО! Владее еуфорична атмосфера кај навивачите: „Ги победивме Германија и Италија, можеме и Португалија да ја згазиме“ (ВИДЕО)

ЕЧИ МАКЕДОНСКАТА ХИМНА ВО ПОРТО! Владее еуфорична атмосфера кај навивачите: „Ги победивме Германија и Италија, можеме и Португалија да ја згазиме“ (ВИДЕО)

Македонската фудбалска репрезентација денеска против селекцијата на Португалија со почеток во 20:45 на стадионот „Драгао“ ќе го одигра одлучувачкиот натпревар за пласман на Светско првенство.

Стадионот во Порто ќе биде исполнет до последното столче, а поддршка нашите репрезентативци ќе имаат од околу 1.500 навивачи на трибините, кои се веќе пристигнати во португалскиот град. Таму веќе владее вистинска навивачка еуфорија.

Македонските навивачи играат и пеат песни македонски, а шалови, дресови и знамиња веќе насекаде низ Порто се веат.

За тоа сведочат и видеата кои верните навивачи ги испратија до редакцијата на Курир.

– Тука атмосферата е неопислива со зборови. Владеат секакви емоции, возбудата е дефинитивно на највисоко ниво. Ние веруваме во нашите херои, веќе нè направија горди, ни го остварија сонот и допрва ќе ни ги остваруваат соништата, затоа сме и дојдени во Порто. Победивме европски прваци како Германија и Италија, па секако дека можеме и една Португалија да ја згазиме. Одиме на Светско, изјави од Порто македонски навивач за Курир.

Македонија ги прави последните подготовки за натпреварот против Португалија. Нашите лавови веќе покажаа дека може да направат клучни пресврти во своја користи и да го добијат тоа што го сакаат, а нивните амбиции докажуваат дека не се плашат ни од Португалија!

Момци, цела Македонија е со вас!
Среќно!

М.А.