сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Еден гол беше доволен за Македонија да слави над Фарски Острови (ВИДЕО)

Еден гол беше доволен за Македонија да слави над Фарски Острови (ВИДЕО)

Македонија минимално со 1:0 славеше против Фаски Острови на арената „Тодор Проески“ во меч од пријателски карактер.

Бојан Миовски со голот во 81 минута донесе радост на нашата репрезентација, која врза две победи во низа, откако пред неколку дена ја победивме и Малта, во квалификациите за ЕП 2024.

Стефан Ашковски кој во игра влезе во 79 минута, одлично асистираше до Миовски кој исто така влезе како резерва во вториот дел, а напаѓачот од Абердин одлично биеше и го матираше голманот на гостите.