Белгискиот играч за врска Шарл де Кетелере пристигнува од Клуб Бриж за 35 милиони евра и ќе потпише петгодишен договор. Белгискиот репрезентативец и еден од најголемите европски таленти викендов ќе ги мине лекарските прегледи и ќе потпише за Росонерите. Го нарекуваат наследник на Кевин де Брујн.
Во претходните три сезони одигра 120 натпревари за Клуб Бриж и постигна 26 гола. Легендата на Милан Деметрио Албертини го спореди Де Кетеларе со легендарниот хрватски капитен Звонимир Бобан.