недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Един Џеко ќе го засили Интер

Един Џеко ќе го засили Интер

Босанскиот фудблаер и репрезентативец на оваа земја Един Џеко ќе биде замената за Ромелу Лукаку и Лаутаро Мартинез во Интер, откако напаѓачкиот двоец на „нераѕурите“ веќе е на пат кон Лондон.

Лукаку треба да го засили Челси за 115 милиони евра, а Лаутаро оди во Тотнем за 60 милиони фунти.

Според најавите, Џеко во Интер ќе добие двегодишен договор вреден преку десет милиони евра. Рома и Жозе Мурињо нема да му прават проблем на Босанецот да замине, а како негова замена се најавува Харис Сеферовиќ, швајцарскиот репрезентативец кој играше одлично на Еуро 2020.

Џеко е трет најдобар стрелец во историјата на Рома со 121 гол на 260 меча.