вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

„Еднаш ВАРДАРЕЦ, засекогаш ВАРДАРЕЦ“, капа доле капитену

„Еднаш ВАРДАРЕЦ, засекогаш ВАРДАРЕЦ“, капа доле капитену

Вардар го очекува во недела дерби пресметката со Воска спорт во 25. коло од Втората македонска фудбалска лига во Охрид. Дуел кој во многу нешта може да го одлучи натамошниот тек на битката за влез во елитното друштво.

А, од црвено-црниот табор вечерва и информацијата дека екипата ќе замине во карантин пред важниот меч, а за тоа е „виновен“ капитенот на македонската репрезентација Стефан Ристовски кој ќе ги покрие трошоците за карантинот на тимот во Охрид.

Ристовски е дете на Вардар уште еднаш потврдувајќи колку му значи најтрофејниот македонски клуб.