четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Елиф Елмас вреди 50 милиони евра, објави Наполи

Елиф Елмас вреди 50 милиони евра, објави Наполи

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас игра одлично оваа сезона во дресот на Наполи и клубот од Неапол нема намера лесно да се откаже од него.

Според италијанските медуми, „наполитанците“ не би се сложиле да го продадат македонскиот ас без понуда од 50 милиони евра.Тоа го откри италијанскиот новинар Франческо Модуњо на „Теленовело“.

„Елмас е еден од највредните фудбалери на Наполи, неговата нова цена изнесува 50 милиони евра, сега никој не сака да чуе да чуе да биде продаден за помалку“, истакна Модуњо.