четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Елмас поради повреда ќе го пропушти дуелот со Емполи

Елмас поради повреда ќе го пропушти дуелот со Емполи

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас најверојатно нема да настапи во неделната пресметка на Наполи и Емполи во Серија А.

Офанзивецот почувствувал болка во тетивата поради што пред време го навршил утринскиот тренинг.

Лучиано Спалети најверојатно нема да ризикува и ќе го изостави Елмас од составот за неделниот натпревар.

Наполи по 33 кола во Серија А има 67 бода, тоа е два помалку од Интер, а четири од лидерот на табелата Милан.