вторник, 5. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Елиф Елмас со гол тргна во новата сезона во Серија А (ВИДЕО)

Елиф Елмас со гол тргна во новата сезона во Серија А (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас почна да решета на стартот на новата сезона во Серија А, откако во првиот меч за наполи постигна убав гол во 73-та минута од мечот за практично да ја завери победата, откако Лоренцо Инсиње од втор пенал донесе водство.

Елмас уште во пред-сезоната најави со неколку гола дека сезонава ќе има сериозна улога во Наполи, па вечерва тоа му се исплатеше откако влезе во игра во 35-та минута на местото на Пјотр Зиелински, откако Наполи на средина од првиот дел остана со десетмина по исклучувањето на Виктор Осимен.