Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас имаше фантастичен старт на новата сезона во Серија А
Нашиот „дијамант“ натпреварот со Венеција го започна од клупата за резерви, но шанса за докажување доби во 35. минута и истата ја искористи на најдобар можен начин.
21-годишниот офанзвиец беше еден од најактивните фудбалери на Спалети на овој натпревар, а својата фантастична партија ја круниса со погодок за потврда на победата на Наполи од 2-0.
Благодарение на одличната претстава против Венеција, Елмас доби и индивидуално признание, односно место во најдобриот тим на Серија А за првото коло.