понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Емери потврди дека го напушта ПСЖ

Емери потврди дека го напушта ПСЖ

Унаи Емери потврди дека ќе го напушти Пари Сен Жермен по крајот на сезоната.

Шпанскиот експерт ја објави веста на денешната прес-конференција пред неделниот натпревар на Парижани со Гинган.

Емери потврди дека имал средба со претседателот на клубот, Насер Ал-Келаифи и двајцата донеле одлука да ја прекинат заедничката работа.

Емери го презеде ПСЖ летото 2016 година со очекувања тој да му донесе меѓународни успеси на тимот од „Парк де Пренс“, слични на оние, кои ги постигна со неговиот поранешен тим Севиља.

– Им соопштив на играчите, спортскиот директор Антеро Енрике и претседателот Насер Ал-Келаифи дека е готово. Ви благодарам на сите. Сè што останува пред нас е да го освоиме Купот на Франција, рече денеска Емери