Преводникот на шпанската репрезентација, Луис Енрике има свој фаворит на 22. Светско фудбалско првенство.
Сосема очекувано тој ќе направи се за со „црвената фурија“ испише историја и дојде до пехарот во Катар, но ако тоа сценарио не е возможно посакува Аргентина да биде првак пред се поради Лионел Меси со кого своевремено соработуваше во Барселона.
-Ако Шпанија не го освои СП, тогаш би сакал да триумфира Аргентина поради Меси. Ќе биде нефер кон Меси да се пензионира без да освои светска титула, -порача популарниот Лучо.
Шпанија е во група со Костарика, Германија и Јапонија, додека „гаучсоите“ за ривали во првата фаза ги имаат Мексико, Полска и Саудиска Арабија.