Кристијан Ериксен се опоравува опкружен со семејството по тешката операција и ужива поддршка од луѓето ширум светот, но, и неговиот клуб – Интер.
Имено, фудбалерот кој доживеа срцев удар на мечот меѓу Данска и Финска и требаше да се оживее на теренот , Интер го повикува на подготовки на 8 јули, со зборовите – Те очекуваме!
Тие зборови се знак на почит и доказ дека Интер нема намера да се откаже од Ериксен. Факт е дека тој нема да може да ја продолжи кариерата, но факт е и дека зад себе ги има не само семејството, пријателите, навивачите и националниот тим, туку и италијанскиот шампион. Секако, многу бргу ќе му бидат понудени некои од позициите во клубот.