четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Ерменците се жалат по поразот од Македонија: Немаше пенал!

Ерменците се жалат по поразот од Македонија: Немаше пенал!

Македонската репрезентација го запиша вториот триумф во Лигата на нации, на домашен терен ја совлада Ерменија со 2-0.

Селекторот на гостинскиот тим, Вардан Минасјан по завршување на мечот потенцира дека не е изненаден од играта на Македонија, но и дека немало никаков пенал врз Горан Пандев.

„Македонија не нè изненади. Немаше пенал, според мене. Ни свесно ја препуштивме иницијативата на противникот. Во второто полувреме ја променивме концепцијата, но немавме среќа. Македонија имаше две-три шанси и истите во поголем дел ги искористи. Мислам дека причината за поразот беше нашата тактика или измените“, изјави предводникот на Ерменија, Вардан Минасјан.