вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ЕУРО 2024: Шкотска ја победи Шпанија, Хрватска славеше против Турција

ЕУРО 2024: Шкотска ја победи Шпанија, Хрватска славеше против Турција

Во групата А од квалификациите за Европското првенство во 2024 година во второто коло оствари Шкотска која на „Хемпден Парк“ ја совлада Шпанија со 2:0 (1:0).

Двата гола ги постигна Скот Мектоминај во 7 и во 51 миниута, односно на самите почетоци од двете полувремиња. Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед го постигна првиот гол по возвратната топка на капитенот Робертсон, кој ја искористи грешката на Поро кој се лизна, додека вториот гол го постигна натрчувајќи на одбиената топка по одличнио пробив и центаршутот на Тирни.

Водечката Шкотска има максимални шест бода, додека втората Шпанија остана на три.

Претходно во вторникот Грузија и Норвешка одиграа 1:1 (0:1) во Батуми. Гостите поведоа преку Сорлот во 15, а израмни Микаутадзе во 60 минута. Ова е прв бод за двете репрезентации, за Норвешка од вториот, а за Грузија од првиот настап.

Во Групата И, Швајцарија оствари нова убедлива победа совладувајќи го Израел во Женева со 3:0 (1:0) со погодоците на Варгас во 39, Амдуни во 48 и на Видмер во 52 минута. Стопроцентен настап по првите два натпревара има и Романија, која во Букурешт ја совлада Белорусија со 2:1 (2:0). Станчиу во 17 и Бурка во 19 ѝ донесоа предност на Романија, а Морозов во 86 го намали празот на гостите.

Голем кикс направи Косово, кое по бодот од Израел одигра само 1:1 (0:0) во Приштина против тоталниот аутсајдер Андора. Жегрова во 59 ги доведе домашните во водство, а Росас израмни само две минути подоцна, во 61 минута.

Во вториот натпревар од второт коло од квалификациите за Групата Д Велс како домаќин во Кардиф ја совлада Летонија со 1:0 (1:0). Стрелец на единствениот гол беше Кифер Мур во 41 минута на додавање на Ден Џејмс.

Во истата група, пак, хрватската фудбалска репрезентација ја совлада Турција на гости во Бурса со 2:0 (2:0) како гостин во Бурса. Стрелец на двата гола беше Матео Ковачиќ во 20 и во 45+4 минута.

Турција доминираше во воведните минути од натпреварот кога гостинскиот голман Доминик Ливаковиќ со две одлични интервенции ја сочува својата мрежа, а домашните имаа еден поништен гол поради мал офасајд, Хрватска до крајот на полувремето успеа да дојде до сигурна преднсот која ја успеа да ја одбрани во вториот дел.

РЕЗУЛТАТИ

ГРУПА А:
Грузија – Норвешка 1:1
Шкотска – Шпанија 2:0

ТАБЕЛА:
1. Шкотска 2 2 0 0 5:0 6
2. Шпанија 2 1 0 1 3:2 3
3. Грузија 1 0 1 0 1:1 1
4. Норвешка 2 0 1 1 1:4 1
5. Кипар 1 0 0 1 0:3 0

ГРУПА Д:
Турција – Хрватска 0:2
Велс – Летонија 1:0

ТАБЕЛА:
2. Велс 2 1 1 0 2:1 4
1. Хрватска 2 1 1 0 3:1 4
3. Турција 2 1 0 1 2:3 3
4. Ерменија 1 0 0 1 1:2 0
5. Летонија 1 0 0 1 0:1 0

ГРУПА И:
Косово – Андора 1:1
Романија – Белорусија 2:1
Швајцарија – Израел 3:0

ТАБЕЛА:
1. Швајцарија 2 2 0 0 8:0 6
2. Романија 2 2 0 0 4:1 6
3. Косово 2 0 2 0 2:2 2
4. Андора 2 0 1 1 1:3 1
5. Израел 2 0 1 1 1:4 1
6. Белорусија 2 0 0 2 1:7 0