недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Фалангата ги испрати фудбалерите за Палермо (ВИДЕО)

Фалангата ги испрати фудбалерите за Палермо (ВИДЕО)

Македонската фудбалска репрезентација на 24 март го игра бараж натпреварот против Италија на „Ренцо Барбера“ во Палермо.

Избраниците на Благоја Милевски денес го одработија последниот тренинг пред летот за Сицилија, а по завршувањето на истиот беа поздравени и испратени од страна на македонските навивачи.

Популарната Фаланга ќе ги бодри нашите фудбалери и во Палермо, а дел од нив веќе отпатуваа и се пристигнати во Сицилија. Остатокот од навивачите ќе отпатуваат во следните денови.

Македонија и Италија го играат првиот меч од баражот за пласман на Светското првенство во Катар, победникот од овој меч ќе игра со победникот од натпреварот меѓу Португалија и Турција, а конечниот победник ќе обезбеди место на Мундијалот.