Италијанскиот фудбалски гигант Интер денес преку социјалните мрежи го претстави новото лого.
Амблемот е направен во три бои, во црн круг со син централен дел, има стилизирани букви ИМ – Интернационале Милано.
Буквите „FC“, како и златната боја кои беа на старото лого, веќе ги нема. Сината боја стана подоминантна.
Интер во тековната сезона се наоѓа на првата позиција на табелата во Серија А и е на добар пат да го симне Јувентус од тронот во италијанскиот фудбал.