Шпанскиот селектор Луис Енрике шеговито се закани дека ќе го исфрли Феран Торес од репрезентацијата, ако ја направи „бебе прославата“ додека игра за Шпанија на Мундијалот во Катар.
Напаѓачот на Барселона е во врска со ќерката на Енрике, Сира Мартинез, па оттука шпанскиот селектор му дава јасни знаци која прослава треба да ја избегнува.
Зборувајќи од кампот на репрезентацијата во Катар, тој беше прашан што ќе се случи ако Торес слави со ставање на палецот во уста, славје кое фудбалерите често го прават доколку очекуваат бебе на тој начин покажувајќи цуцла.
-Ако Феран Терес постигне гол и слави со „бебешкиот палец“ во уста, веднаш ќе го седнам на клупата. Никогаш повеќе нема да стапне на фудбалски терен, шеговито изјави Енрике.
La pregunta del millón. 😂😂😂
Si Ferran Torres al marcar un gol hace el gesto del chupete Luis Enrique ya sabe lo que tiene que hacer. pic.twitter.com/eW4zaT7voW
— Relevo (@relevo) November 25, 2022