четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Фернандињо одбива да настапи за бразилската репрезентација поради закани

Фернандињо одбива да настапи за бразилската репрезентација поради закани

Фудбалерот на Манчестер Сити, Фернандињо, побарал да не биде повикуван во бразилската репрезентација поради заканите што му се случиле него и на неговото семејство по Светското првенство.

Фернандињо ова му го кажал на селекторот Тите.

– По Светското првенство, сакав да го повикам Фернандињо во националниот тим. Тој е одличен играч. Јас лично разговарав со него. Бразил е горд што може да смета на играч со вакви лични и професионални квалитети. Се надевам дека ситуацијата ќе се смени. Подготвен сум да му помогнам колку што е потребно, изјави Тите.

За потсетување, Фернандињо постигна автогол во четвртфиналето на Светското првенство против Белгија (1:2) и поради тоа доби смртни закани од некои бразилски фанови.