понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ФИФА ќе направи невиден преседан за Украина да заигра на СП

ФИФА ќе направи невиден преседан за Украина да заигра на СП

Фудбалската репрезентација на Русија ја загуби и жалбата која ја поднесе до Судот за спортска арбитража (ЦАС) за исфрлањето од баражот за Светското првенство. Тоа значи дека „зборнаја“ и дефинитивно ќе остане без шанси да патува за Катпоар ради воениот конфликт.

Од друга страна, УЕФА и ФИФА оставија простор за Украина да дојде до шанса да игра во баражот. Според последните најави, Украинците би требало да добијат одложување на натпреварот со Шкотска за јуни.

Покрај тоа, постои шанса оваа селекција доколку нема можност да игра фудбал до лето, да добие посебна покана да заигра директно во Катар.

Овие шпекулации ги потврдија од фудбалскиот сојуз на Векс, кој е дел од бараж турнирот со Украина.

„Од перспектива на Велс, ако Украина може да заигра на Светско првенство без борба би било добро. Би било човечки ако не можат да играат и во јуни, да добијат покана. Тоа би значело дека на Светското првенство ќе заиграат 33 екипи“, изјави Ноел Муни.