Победата над Сенегал со 3-0 (2-0) во осминафиналето на СП на Англија е плод на брзата и директна игра и двете асистенции на Фил Фоден.
Фудбалерот на Манчестер Сити го понесе приматот играч на натпреварот на дуелот со првакот на Африка.
„Ќе славиме вечерва, но ова е нокаут фазата и мора да заздравиме и да размислиме за следниот противник. Засега Французите изгледаат како најсилниот тим на турнирот. Ние секојдневно се поддржуваме и веруваме во себе“, изјави Фил. Фоден.