Еден од фаворитите за освојување на Светското првенство во фудбал, двократниот освојувач на „богинката“, Аргентина, пристигна во Доха и го одржа првиот тренинг. Со оглед на тоа што беше отворен за фановите, околу 15.000 луѓе ги поддржаа момците на Лионел Скалони на патот кон обединување на титулите. Имено, Аргентина е шампион на Јужна Америка, а во јуни во Лондон го освои и Интерконтинталниот трофеј наречен „Финалисима“, со победата над Италија со 3-0.
Лионел Меси, капитенот на „гаучосите“ ги претстави новите златни копачки, од кои се очекуваат многу голови на шампионатот. Се работи за најнов модел на личниот спонзор на Меси, кој исто така е спонзор и на репрезентацијата на Аргентина. По Мбапе, Меси е втор најскапоплатен играч на Светското првенство, кое за Аргентинецот ќе биде петто во кариерата. Досега има едно финале, две четвртфиналиња и едно осминафинале.
Аргентина на Светското првенство пристигна без повредениот Џовани Ло Селсо, а во последен момент повредите ги залечија Ди Марија, Дибала, Фојт, Паредес…
Меси и другарите се дел од групата Ц, во која се уште Саудиска Арабија (прв противник на Аргентина), Полска и Мексико.