Кога игра за Хрватска, Лука Модриќ е посебно мотивиран, а приказната на „коцкестите“ испиша нова историја вечерва во Ротердам. Хрватска по продолженија ја совлада Холандија со 2-4 во првото полуфинале на Лигата на нации и ќе се бори за трофејот в недела вечер на „Де Кујп“ против Италија или Шпанија.
Холандските фанови на оригинален начин побараа дрес од Модриќ. Имено, едно холандско семејство со порака на лош хрватски јазик му го побара дресот на Лука. Иако идејата им беше одлична, сепак преводот со помош на „google translate“ изгледа смешно.
Модриќ одигра скоро 120 минути, изнуди пенал и реализира најстрога казна во победата на хрватскиот национален тим.