Кристијано Роналдо и Лионел Меси повеќе од 15 години се ривали на фудбалските терени, а ќе бидат главна тема и на Светското првенство (СП), каде што ќе се борат за трофејот кој може да им биде последен на Мундијалите затоа што планираат да се повлечат од репрезентациите по настапот во Катар.
Интересно е тоа што на социјалните мрежи на двајцата фудбалери во исто време се појави заедничка фотографија, која е реклама за Луј Витон, но и покрај тоа го запалија Инстаграм и заедно добија над 24 милиони лајкови за еден час.
„Победата е состојба на умот“, гласи пораката која ја објавија под фотографиите.