среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ФОТО: Италија во црно, загина млад фудбалер на Лацио

ФОТО: Италија во црно, загина млад фудбалер на Лацио

Големиот талент на Лацио, Даниел Гуерини од генерацијата 2002 почина како последица од тешки повреди по страшна сообраќајна несреќа во Рим.

Според првичните информации, тинејџерот кој минатиот викенд го спрослави својот 19 роденден, загинал синоќа во сообраќајка, а во автомобилот бил со двајца другари кои се сериозно повредени.

Несреќата се случила при судир со друг автомобил кој го управувал 68 годишен маж.

Гуерини во Лацио тренирал од 16 години. Претходно тренирал за Фиорентинаи СПАЛ, а били член на репрезентацијата на Италија до 15 и 16 години.