петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ФОТО: Македонска „тики-така“: Дури и Шпанија остана зад нас според поседот на топка…

ФОТО: Македонска „тики-така“: Дури и Шпанија остана зад нас според поседот на топка…

Пет победи, еден пораз, 14 постигнати гола и прво место во групата 4 во лига „Д“ на Лигата на нации. Тоа се бројките зад успехот на Македонија во новоформираното натпреварување на УЕФА, кое може да ни донесе пласман на Европското првенство 2020 година.

Вчерашниот триумф над Гибралтар беше заверка на челната позиција и пласманот во полуфиналето, каде не чека или Косово или Белорусија. Противникот во следната фаза не треба да нè плаши со оглед на досегашната игра, која треба да нè радува и да ни дава верба дека оваа генерација на фудбалери ќе донесе историски успеси.

Кога ќе се погледнат статистичките податоци, избраниците на Игор Ангеловски се меѓу најефикасните репрезентации со 14 погодоци. Челната позиција ја делат со Ерменија и Швајцарија.

Она што импресионира е поседот на топка, кој стои на 64%, што е за нијанса подобар од една Шпанија (63%), а зад нас се уште и Грузија (61%), Грција(60%) и Италија (60%).

Против Гибралтар, македонската репрезентација го одигра еден од своите најдобри натпревари – со 77% посед на топка, 39 шута кон противничкиот гол и 693 успешни додавања.

Извор: gol.mk