Нејмар на својот Инстаграм профил објави нови фотографии од повредата која ја заработи на натпреварот против Србија во првото коло од Мундијалот во Катар.
Докторот Родриго Ласмар појасни дека Нејмар ги повредил лигаментите во скочниот зглоб.
Бразил во натпреварот против Швајцарија во рамки на второто коло во групата Г на Светското првенство 2022 ќе биде без услугите на Нејмар и Данило поради повреди, потврдија од селекцијата на Бразил.