Полициски службеници има на секој чекор низ центарот на Скопје, па се до арената „Тодор Проески“. Таму вечерва од 21 часот се одигрува натпревар кој е прогласен за висок ризик, јавува SPORTM.mk
Последните политички случувања меѓу Македонија и Бугарија даваат дополнителна тежина на овој натпревар, со што ризикот станува поголем.
Се очекува од Бугарија да пристигнат околу 1000 фанови на Левски. Тие периодов се жалеа дека цената за нивните билети е дури 10 пати поскапа од така за домашните навивачи.
ФОТО: SPORTM.mk