петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ФОТО: Швајни навиваше за Италија, Македонците го „подбраа“ по епската победа!

ФОТО: Швајни навиваше за Италија, Македонците го „подбраа“ по епската победа!

Италијанската фудбалска репрезентација вторпат во низа нема да учествува на Светско првенство. По неуспехот во баражот пред четири години и поразот од Шведска, во четвртокот „аѕурите“ беше шокирани од Македонија среде Палермо.

Италијанците може да уживаат во големата поддршка која што ја имаа на овој дуел, не само од трибините на „Ренцо Барбера“, туку и од поголемиот дел од фудбалскиот свет. „Аѕурите“ поддршка добија дури и до некогашниот голем ривал Бастијан Швајнштајгер. Поранешниот ас на Баерн Минхен и Германија на социјалните мрежи објави фотографија со натпис „Forza“, што секако ги налути македонските фанови, кои по натпреварот и големата победа на Македонија го „подбраа“ со коментари.

Објавата на Швајнштајгер и коментарите на македонските фанови:

Македонија в вторник ја чека последната битка за историски пласман на СП. Во Порто ѝ гостуваме на големата Португалија.