Вечерва во Доха беа извлечени групите за Мундијалот во Катар 2022. Неколку фантастични мега дуели ќе има уште во групна фаза.
На осум ултра модерни стадиони, 32 репрезентации ќе учествуваат на проширеното Светското првенство во Катар 2022 кое ќе се игра од 21 ноември до 18 декември.
Во луксузниот Егзибициски центар во Доха, пред стотина познати фудбалски ѕвезди, ждрепката ја влечеа легендарниот Бора Милутиновиќ кој е првиот и единствен селектор во историјата кој со пет различни репрезентации бил на пет Светски првенства по ред (Мексико 1986, Костарика 1990, САД 1994, Нигерија 1998 и Кина 2002), Лотар Матеус кој играше на рекордни 5 Светски првенства, Нигериецот Џеј Џеј Окоча, Австралиецот Тим Кејхил, Бразилецот Кафу, Иранецот Али Даеи, поранешните фудбалерки Карли Лојд и Саманта Џонсон како и англискиот фудбалер Џермејн Џенас.
Група А: Катар, Еквадор, Сенегал, Холандија
Група Б: Англија, Иран, САД, Велс/Шкотска/Украина
Група Ц: Аргентина, Саудиска Арабија, Мексико, Полска
Група Д: Франција, ОАЕ/Австралија/Перу, Данска, Тунис
Група Е: Шпанија, Костарика/Нов Зеланд, Германија, Јапонија
Група Ф: Белгија, Мароко, Хрватска, Канада
Група Г: Бразил, Србија, Швајцарија, Камерун
Група Х: Португалија, Уругвај, Јужна Кореја, Гана
На Мундијалот ќе играат сите светски шампиони кои досега низ историјата се радувале на златниот пехар освен Италија која испадна во баражот од Македонија и која ќе пропушти и второ Светско првенство по ред што никогаш во историјата не им се случило.
Сите стадиони се изградени на растојание од 56 километри а има и тн. „мундијалски“ воз кој ќе вози од еден до друг стадион.
Во Доха е и Карамело, познатиот мексикански навивач кој не пропуштил ниту еден Мундијал од 1982 година