сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Франција го искористи максималното право и изврши СЕДУМ замени во финалето

Франција го искористи максималното право и изврши СЕДУМ замени во финалето

Финалето на Светското првенство во Катар по многу работи е рекордно и уникатно. Селекциите на Аргентина и Франција одиграа финале кое ќе остане во историјата и по податокот дека една од двете екипи направи вкупно седум замени.

Светската фудбалска федерација (ФИФА) дозволува пет замени на натпревар плус уште една доколку има продолженија. Сепак, фудбалската централа неодамна дозволи од медицински причини уште една кога фудбалер ќе добие удар во главата и постои ризик од потрес на мозокот.

Тоа се случи во 96. минута од првото продолжение кога слична повреда заработи Адриен Рабио а Дешамп ја направи и седмата замена.

Аргентина стана светски првак, откако по изведување на пенали ја совлада Франција со 4-2 (3-3 во регуларниот тек).