Паоло Малдини повеќе не е спортски директор на Милан, објавија бројни италијански медиуми. Состанокот помеѓу Малдини, Даниеле Масаро и сопственикот на клубот Гери Кардинале била тензична, поради што газдата решил да ги отпушти Малдини и Масаро.
Италијанските медиуми тврдат дека фудбалерите на Милан не го прифатиле добро отказот на Малдини.
Се пишува дека останале во шок и дека се бесни поради ваквата одлука на сопственикот Кардинале.
Најдобриот играч на Милан, Рафаел Леао, на социјалните мрежи, објави емотикон кој размислува, токму во моментот кога се појави веста дека Малдини го напушта клубот. Малдини го убеди Леао да остане во клубот и да потпише нов договор.
По неговата реакција се поставува прашањето дали сега тој сака да остане во клубот.
🤔
— Rafael Leão (@RafaeLeao7) June 5, 2023
Свој револт го изразија и Сандро Тонали и Тео Ернандез кои сметаат дека Малдини е дел од клупската историја и дека не треба да биде испратен на ваков начин.