Фудбалерот на Челзи, Калум Хадсон Oдoи во целост се опорави од коронавирусот, соопшти менаџерот на „сините“, Френк Лампард.
Тој беше првиот играч во Премиер лигата кој беше позитивен на Ковид-19 по што целиот ростер на „Стемфорд Бриџ“ заврши во карантин.
-Разговарав со Калум во првата недела по дијагностицирање на болеста. Беше чудно време. За среќа не патеше многу и мило ми што сето тоа мина, рече Лампард.
Претходно и Микел Артета, менаџерот на Арсенал, изјави дека е излекуван од коронавирусот.