Кристиано Бриги од денес има нов детал на своето тело.
Бриги направи тетоважа со иницијалите на својот поранешен капитен и бројот кој Астори го носеше во Фиорентина.
„Засекогаш во мене“, напиша Бриги на Инстаграм под објавената фотографија.
Давиде Астори не се разбуди пред натпреварот против Удинезе, почина на 31 годишна возраст, а бројот 13 во Фиорентина е повлечен од употреба, но и тренинг центарот на овој клуб ќе го носи неговото име.