Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ неофицијално сериозно размислува да ја прифати понудата од фудбалската агенција на починатиот Мино Рајола, еден од најпознатите фудбалски агенти.
Ибра има понуда од Милан да игра и следната сезона, но по разговорот со роднината на Мино, Винченцо размислува да стави крај на професионалната фудбалска кариера и да стане прв човек на агенцијата „Рајола“.
Швеѓанецот долги години соработуваше со Мино Рајола кој пак на својата листа фудбалски ѕвезди ги има Ерлинг Халанд, Пол Погба, Делихт, Домарума, Лукаку и Верати.
„Тутомеркатовеб“ пренесува дека Ибрахимовиќ својата конечна одлука ќе ја донесе по завршувањето на оваа сезона во која има шанси со Милан да дојде до Скудето.