недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Фудбалскиот свет во неверување: Поради леукемија голманот директно од СП во Русија во болнички кревет и пензионирање (ФОТО)

Фудбалскиот свет во неверување: Поради леукемија голманот директно од СП во Русија во болнички кревет и пензионирање (ФОТО)

Голманот на Вулверхемптон, Карл Икеме, одлучи да ја заврши професионалната кариера, откако минатото лето му беше дијагностицирана акутна леукемија.

Поранешниот нигериски репрезентативец потоа беше подложен на интензивна хемотерапија, a во меѓувреме болеста се повлекла.

Но, 32-годишниот голман соопшти дека сепак нема повеќе активно да се занимава со фудбалот.

– Благодарам на сите за поддршката во изминатава година. Денеска е мој последен ден како играч, но сепак сум благодарен и среќен. Им благодарам на сите во Вулверхемптон, наведе Икеме по консултацијата со лекарите.

Карл Икеме цела своја кариера му остана лојален на Вулверхемптон, иако како позајмен играч бранеше за уште осум клубови.

Тој беше почесен играч на нигериската репрезентација на Светското првенство во Русија.