Во новата сезона средниот бек Анте Гаџа и десниот бек Јосип Векиќ ќе бидат дел од тимот на Вардар 1961, соопштија од македонскиот тим.
Гаџа потпиша двегодишен договор со „црвено-црните“, а Векиќ ќе остане во Скопје до 2024 година.
Двајцата доаѓаат од ППД Загреб, а се очекува да бидат замени за Скубе и Криштопанс. (МИА)