четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Галатасарај пред потпис со Вилфред Заха

Галатасарај пред потпис со Вилфред Заха

Турскиот фудбалски гигант Галатасарај е на пат да обезбеди големо засилување за наредната сезона откако турскиот шампион влезе во завршна фаза од преговорите со Вилфрид Заха, фудбалерот на Кристал Палас кој доаѓа како слободен играч, по истекот на договорот со лондонскиот клуб.

За услугите на Заха се интересираа неколку премиерлигаши, богати понуди испратија и клубови од Саудиска Арабија, но тој предност во преговорите му даде токму на Галатасарај, пред се поради фактот дека со овој тим ќе се натпреварува во Лигата на Шампионите (доколку Галата ги мине квалификациите).

Заха си заминува од редовите на Кристал Палас по 458 одиграни натпревари за лондонскиот премиерлигаш, притоа постигнувајќи 90 погодоци.